„Аватар: Огин и пепел“ продолжува да доминира на американскиот Бокс офис и се очекува и оваа недела да биде убедливо прв на Бокс офисот, иако заработувачката на филмот почна да опаѓа.

Се очекува третиот дел од франшизата на Џејсм камерон викендов да заработи нови 20 милиони долари на американскиот Бокс офис.

Иако финансиски не е толку успешен како првите два филма, последниот Аватар лесно ја мина границата од една милијарда долари заработка.

Засега филмот има заработено 326 милиони долари на американскиот и 780 милиони долари на глобалните пазари, за вкупна заработка од милијарда и 106 милиони долари.

Слични новости