Последниот Аватар на Џејмс Камерон „Огин и пепел“ и трета недела по ред е прв на американскиот бокс офис. Филмот овој викенд заработи 40 милиони долари на американскиот пазар и стигна до вкупна заработка од 306 милиони долари во САД.
Третото продолжение на Аватар уште подобро поминува на другите пазари каде што за три недели заработи 777 милиони долари, за вкупна заработка на филмот од 1,083 милијарди долари.
Првиот дел на Аватар е најуспешниот филм на бокс офисот на сите времиња со заработени речиси 3 милијарди долари.
Слични новости
Сони прави нов ривајвал на франшизата „Чарлиевите ангели“
Некогаш ултра популарната серија „Чарлиевите ангели“ со Фара Фосет беше филмувана од Сони, а сега студиото се обидува да направи нов ривајлвал на франшизата за трите девојки
Орканси висови најуспешен на Бокс Оофисот за празничниот Валентинов викенд
Главните улоги во филмот ги толкуваат Маргот Роби и Џејкоб Елорди, кој е номиниран за Оскар за филмот Франкештајн. Филмот, сепак не доби добри оценки од критиката и публиката.
Продуцентката на ТВ серијата „Техеран“ Дана Еден пронајдена мртва на 52 годишна возраст во хотел во Грција
Дана Еден продувентката на шпионскиот трилер „Техеран“ кој се емитува на Ејпл Тв беше пронајдена мртва во својата хотелска соба во Атина, за време на снимањето на четвртатата сезона од серијата.


